11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Две минимални плати недоволни ни за основните потреби на четворочлено семејство

Ниту две минимални плати не се доволни за преживување на четврочлено смејство во Македонија, бидјеќи на едно четиричлено семејство во просек во јули му биле потребни 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби. Од оваа сума дури 74% му биле потребни за храна и сметки.

Најмногу пари, според Синдикалната минимална кошница, се потребни за храна и пијалоци,  односно 14.064 денари и за подмирување на режиските трошоци 10.444 денари.

За превоз биле потребни 2.466 денари, за хигиена 2.369 денари, за облека и обувки биле потребни 2.142 денари, а за културни активности 1.066 денари.

Од овој месец, кошничката дополнително ќе расте посебно за сметки, откако од 01 август поскапе струјата за 7,42%.

Од  ССМ сметаат дека зголемувањето на цената на струјата е доплнителен удар на стандардот на работницте во земјата и затоа бараат или да биде поништена одлуката за поскапување или да се зголемат сите плати и пензии за ист процент.

 

Би можело да ве интересира

Сојуз на тутунски здруженија: Земјоделците да не брзаат со склучување на новите договори

Гордана Цветаноска

Национализација во време на КОВИД-19: логично решение за излез од кризата

Елизабета Филипоска

Крајот на откупот создаде проблеми, тутунарите незадоволни

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе