ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СТАДИОНОТ ЌЕ ЗАЛИЧИ СО ПРВИТЕ 500 СЕДИШТА

910

Првате 500 седишта, во црвена боја, традиционалната боја на ФК Победа, веќе пристигнаа во клупските простории. Неотпакувани чекаат монтирање на помалата и поновата северна трибина од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Настапите во второлигашки ранг, кои стартуваат на 21 август, не се условени со седишта, но добро е тие да се постават за гледачите поудобно да се чувствуваат, а и објектот да добие поубав изглед. Се очекуваат уште неколку пратки за да се исполни целата трибина, чиј капацитет е околу 2.500 седишта.

Во меѓувреме се одржува новата, тревната подлога, на која фудбалерите првпат истрчаа на првиот свој тренинг, на 30 јуни. Инаку, постојат два предлози околу свеченото пуштање на стадиот – првиот меч во реновираниот стадион да биде пријателски, на 1 август со скопски Вардар или тоа да се случи на првенствен натпревар, на 21 или 28 август, во зависно од ждрепката.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе