ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Свечена програма на Општина Прилеп посветена на празникот на градот 3 Ноември

604

Општина Прилеп ја објави празничната програма, посветена на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, која ќе се реализира од 1-ви до 3 ноември.

Свеченостите почнуваат ,утре, 1 ноември, попладне, со свечено одбележување на 40 годишниот јубилеј на џудо клубот „Пролетер“ кое ќе се одржи во Државен студентски дом „Орде Чопела“, а ќе продолжи в сабота со одржувањето на  Интернационаленот џудо турнир „Прилеп Опен 2019  во  Спортска сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ и со Арт хепенинг во организација на Ротари клубот – Прилеп пред плато на НУЦК „Марко Цепенков“

Од Општина Прилеп информираат дека на денот на празникот, на 3 Ноември, делегации од градот ќе положат цвеќе на спомениците на народните херои од народно ослободителната борба, а ќе биде откриен и споменикот на „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабниц, додека,пак, во фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи промоција на публикацијат фотомонографија „Ченто – биографија низ фотографија“, од авторот Рубинчо Белчески. Од спортските активности,на овој ден, ќе се одржи  Меѓународниот турнир во забрзан шах „Опен Прилеп 2019 во државен студентски дом „Орде Чопела“.

Празничната програма на Општина Прилеп завршува со традиционалната свечена академија на која се доделува наградата „3 -ти Ноември” за најуспешните битолчани , која ќе се одржи во салата на ЦК „Марко Цепенков“

Програма за одбележување на Денот на ослободувањето на Прилеп, 3.Ноември

 

 Петок, 01.11.2019 год.

17.00 ч. Свечено одбележување на 40 годишниот јубилеј на џудо клубот „Пролетер“

Државен студентски дом „Орде Чопела“

Сабота, 02.11.2019 год.

10.30 ч. 18.Интернационален џудо турнир „Прилеп Опен 2019 -Спортска сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

11.30 ч. Арт хепенинг на Ротари клубот – Прилеп

Плато пред НУЦК „Марко Цепенков“

Недела, 03.11.2019 год.

08.45 ч. Откривање на споменикот „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабница

 Полагање цвеќе пред спомениците на:

09.30 ч. Методија Андонов – Ченто

09.40 ч. Кузман Јосифоски – Питу

10.00 ч. Могила на непобедените

10.15 ч. Песјобрдце

10.30 ч. Промоција на публикација фотомонографија „Ченто – биографија низ фотографија“, од авторот Рубинчо Белчески

Фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“

11.00 ч. Отворање на Меѓународниот турнир во забрзан шах „Опен Прилеп 2019“

Државен студентски дом „Орде Чопела“

19.00 ч. Свечена седница на Советот на општина Прилеп и доделување на наградите „3.Ноември“

НУЦК „Марко Цепенков“

20.30 ч. Коктел во чест на добитниците на Третоноемвриските награди

Фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: