ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Хорор„ таков е патот кој ги поврзува с.Галичани – с.Лагово

1.449

Еден од најгорливите  проблеми со кои се соочува секогаш локалното население, се пристапните патишта: неизградената патна  инфраструктура, не асфатирани улици, локални патишта со ударни дупки … и, токму таков е локалниот пат од с.Лагово до с. Галичани.  Жителите од с. Галичани го опишуваат со еден збор „ХОРОР„

.

Тие се плашат дека ,ваков каков што е, може да бидат причина за голем број сообрајќани незгоди и да однесе човечки жртви. Анонимно ни се обрајтија  до нашата редакција неколку жители (имињата познати на редакцијата) кои тврдат дека ќе преземат и радикални мерки  ,„граѓанска непослушност „ , доколку локалната власт од Прилеп биде индиферентна на нивните барања да се поправи патот, да се прошири и асфалтира со поголема колчина на асфалт,  не преземе мерки кон подобрување на патанта инфраструктурата во овие населени места, и  тоа веднаш!

 

„Се работи за локалн пат долг 2 км. Патот се наоѓа во катастрофална состојба, а згора на тоа пречи и ширината на патот, која не одговара на стандардите за локален пат, бидјеќи на него не можат да се разминат две возила, па комоли да „налета„ комбајн, или трактор или друга земјоделска механизација. Патот е со безброј ударни дупки.  Пет години никој не „фрлил“ лопата. Ги искршивме возилата, а и ние плајќаме даноци кон општината. И, од наши пари се финансира локалната администрација која седи во општинската зграда. “ – велат тие.

 

А, само во 2018 година тогашната локалните власти од Прилеп беа во с. Галичани, за да видат до каде се стигнати работите со тампонирањето на патиштата кои водат до нивите и околината на селото.

Кире Јосифоски од с. Галичани тогаш изјави  „Улиците во Галичани две години не се тампонирани, сега благодарение на градоначалникот и локалната самоуправа, ти се во добра состојба. После извесно време очекуваме да бидат и асфалтирани, а ветено ни е да се изгради и канализација во населеното место, па се надеваме дека за брзо време и таа ќе биде направена“, истакна тогаш (07.09.2018) Јосифоски.

И, тогаш жителие на с. Галичани, при посета на локалнат авласт,  најмногу се пожалија на состојбата со патиштата и побараа изградба на канализациона мрежа , но и  итно донесување на урбанистички план за ова населено место, кое е како приградска населба на Прилеп, велат тие.

Линкот од тоја настан можете да го погледенет подолу:https://www.prilep.gov.mk/se-tamponiraat-ulitsi-i-pristapni-patishta-vo-selo-galichani/

а,  ние како медиумски работници,  во текот на работните денови оваа недела , ќе побараме одговор од надлежните во локалната самоуправа од Прилеп , на прашањата на жителите од с.Галичани  „Кога ќе се уреди патната инфраструктурата кон ова наслено место?„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: