ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Технички нокаут на Трајкоски за Прилеп и Македонија (ГАЛЕРИЈА – ВИДЕО)

1.126

РЕПОРТЕР: НИКОЛА ДИМЕСКИ

Бокс за паметење, спектакл кој ретко се гледа, доживување за освежување на меморијата на сите кои го сакаат спортот во градот под Марковите Кули дека Прилеп едноставно сака да се израдува на секој спортски подвиг , успех и промоција на било кој спорт.Така беше и вечерва , под ведро небо со многу адреналин на четирите атрактивни борби на боксерската ноќ која ја организираше Про Бокс Македонија.Врвна организација , публика која не ги штедеше дланките , згодни девојки во ринг , презентација на боксот од младите боксери на боксерскиот клуб Ас како и женски спаринзи за подгревање на атмосферата меѓу присутните.И секако директни вклучувања на Радио Пела од мерењето и соочувањето на боксерите како и од најинтересната борба помеѓу Ице Трајкоски и Енсар Осман каде триумфираше прилепскиот боксер со технички нокаут уште во првата рунда.Едно чудо овации  и претходно каде во трите борби за загревање победија Наралдо Имери на поени против Божидар Илиќ , Новак Радуловиќ против Дарко Стевановиќ исто на поени,Даниел Марку со технички нокаут во треат рунда против Мартин Станев.А најдоброто беше оставено за крај, како шлаг на вечерта.Беше брзо , кратко но слатко за прилепската публика.

Трајкоски во првата рунда со технички нокаут го доби Енсар Осман од Бугарија.Трајкоски веднаш по борбата со првите впечатоци за Радио Пела изјави дека и во иднина се надева на нокаути во својата кариера а ова е само поттик за да продолжи во ист ритам да се надоградува и да победува.На кратко кажано , боксерска ноќ која долго ќе се памети а и треба затоа што многу млади личности се погрижија да ги стоплат срцата на љубителите на спортот. Браво са боксерите , браво за организаторите и секако , ПРИЛЕПЧАНИ ОДЛИЧНИ БЕВТЕ !

Радио Пела вршеше директен пренос проследете го видеото:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/2720403674655849/

 

Претходно, беше извршено мерењето според сите профи стандарди:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/332714744315961/

Проследете ја галеријата од најважните моменти:

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе