ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Точила инфраструктурно се уредува

445

Во рамките на инфраструктурните зафати, општинските власти активно работата во населбата Точила.

 

„Се изведува најголемиот инфраструктурен проект, во смисла на рехабилитација и реконструкција на улици. Се работи на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“, на кои ќе биде поставен асфалт во вкупна должина од 2.100 м. или на површина од околу 13.000 м2. Во непосредна близина се наоѓаат и „К„ зградите, за кои е во тек изработка на проектот за уредување на просторот околу нив. Истовремено, сакам да напоменам дека во моментот се врши инфраструктурен зафат за поврзување со водоводна и канализациона линија на делот од населбата Точила, каде ќе се градат новата детска градинка и покриениот базен. Во тек е изработката на Основниот проект, во текот на летото ќе бидат распишани тендерите за овие два капитални објекта, а наесен ќе започне нивната изградба“, изјави градоначалникот, Илија Јованоски

Градоначалникот Јованоски нагласи дека со овие капитални инвестиции, се заокружува изградбата на целокупната инфраструктура во населбата Точила, со што овој дел од Прилеп ќе добие целосно нов лик.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе