CSS Template

Лашкоска: „Со сумата за мостот највероватно ќе треба да си замислуваме оти ова ќе биде мост на Босфор или мост на Темза?!“

205

Мостот кој требаше да биде започнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски предизвика бројни реакции.  Имено, во својата изборна програма градоначалникот Јованоски и СДСМ ветија дека ќе градат обиколница во западниот дел од градот. И ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда. Но, еве него не му земаме за зло затоа што е лекар, но недозволиво е неговите советници да го манипулираат – истакна  на денешна прес конференција, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, Ане Лашкоска

Прилепчани можеби ќе треба да си замислуваат оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор?

Како граѓани на Прилеп, може ќе треба да си замислуваме оти мостот во Сточен пазар е мост на Босфор, или можеби на Темза?!Мостот кој требаше да биде започнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски предизвика бројни реакции.Ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда.Мостот во Сточен пазар е само составен дел од собирна сообраќајница на ул.,,Трајко Николоски“ која ги поврзува локалните улици од населбите кои ја тангираат оваа улица.Апсолутно не сме против изградба на мост, но со ова решение кое го промовираше Јованоски се решава мостот, а се отвораат сообраќајни проблеми. Ова стеснување – проширување – стеснување (од тесна улица ќе се влегува во мост со 4 ленти, па на другиот крај повторно се излегува на тесна улица), може да биде причина за сообраќајни проблеми. Па велосипедските патеки кои кажа дека ќе ги има на мостот…што значи тоа? Луѓето по тесната улица на рамо да носат велосипед, па 20-тина метри на мостот да возат, па повторно велосипедот на рамо, во исто време кога по улицата ќе врват тешки товарни возила? Дали со изградбата на овој мост, главна улица за движење на тешки товарни возила станува улицата „Трајко Николоски“, а со тоа овие тешки товарни возила ќе поминуваат низ населбите кои ја тангираат оваа улица? Граѓаните на Прилеп, а особено жителите на овие населби ја заслужуваат вистината!Ова не наведува да мислиме дека единствената и главна цел со изградбата на овој мост е само перење на пари!- Градоначалникот и општината означија отпочнување на овој проект точно по една година од кога го потпишаа договорот за изградба на мостот. Имено на 10.05.2019г градоначалникот потпишал договор со изведувачот и во членот 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка изнесува 365 дена, или една година. Во членот 2 од договорот стои дека општината на изведувачот за завршената работа ќе му исплати 29.999 140 денари.- На месец дена пред истекувањето на овој рок општина Прилеп, претставувана од градоначаникот Јованоски потпишува нов договор, повторно со истиот изведувач и повторно за истиот мост кој до тој момент воопшто не е почнат да се работи. Вториот договор е потпишан на 9.04.2020г. И повторно во член 4 од овој договор стои дека времетраењето на договорот по оваа јавна набавка е 365 дена, а вредноста на вториот договор е 13. 999 517,64 денари.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Среда, 13 мај 2020

 

 

 

 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni