ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трчаме, се грижиме за лицата со церебрална парализа (We Run – We Care)

782

Донаторска рекреативна трка во должина од 5 километри, по втор пат ќе се одржи во Прилеп. И оваа година под мотото „Трчаме заедно за лицата со церебрална парализа“ на 30.06.2019 во недела, со почеток во 19:00 часот центарот рекреативците кои сакаат да донираат ќе помогнат за подмирување на тековните трошоци и одржување на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

Донаторската иницијатива преку рекреативна трка Општина Прилеп, по втор пат ја реализира во соработка со компаниите „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“ и „Стопанска комора на Македонија – Регионална канцеларија Прилеп“, „Мермерен Комбинат“, „Прилепска Пиварница“, „Конфекција Кули“, „WIK“ и „Ветеринарна Клиника – Прилеп“ . Трката е во должина од 5 км и ќе се реализира во централното градско подрачје.

За секој учесник во трката, Општина Прилеп ќе обезбеди благодарници во знак на нивниот хуман гест. Котизацијата за учество на донаторското трчање е 100 денари. Се очекуваат над 1 300 учесници, велат од Општината.
Сите заинтересирани граѓани, фирми и правни субјекти кои сакаат да се дел одовој хуманитарен настан, можат да се пријават кај лицето за контакт Цвете Станојоска од Општина Прилеп, на телефонски број +38977540919 или на мејл:[email protected].
Дневниот центар,после Скопје, Прилеп е втор град во државата, кој што е наменет за лицата со церебрална парализа и е со капацитет на згрижување од 25 до 30 штитеници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: