ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Три нови лица од Прилеп,оваа година, заразени со ХИВ/СИДА

766

Секои 17 секунди во светот некој може да биде заразен со вирусот ХИВ, а од сида од почетокот на епидемијата досега животот го загубиле 35 милиони луѓе,Во светето денес речиси 21 милион луѓе живеат со ХИВ и добиваат соодветен третман, а бројката на смртни случаи е намалена во многу делови од светот.

 

ДЕНЕШНИОТ ДЕН 1-ви декевмри во календарската година е регистиран како Светски ден за Борба проти ХИВ/СИДА. Цел е подигнување на свеста кај јавноста за инфицирање со ХИВ и заболување кое оваа инфекција го носи. Но и покрај тоа, луѓето главно не знаат како да се заштитат себе си и другите од ХИВ, а стигмата и дискриминацијата на лицата заболени од оваа болест се уште постои.

Светскиот ден на борба против СИДА е важен за да ја потсети јавноста и владите ширум светот дека ХИВ не исчезна и оти и натаму постои витална потреба да се соберат средства, да се крене свеста, да се победат предрасудите и да се подобри едукацијата.

Во Прилеп последните години,  и покрај формираното совитувалиште за сексуално преносливи болести и сексуално и репродуктивно здравје сместено во Центарот за јавно здравје пораст, забележан е зголемен  борјот на  заболени од ХИВ/СИДА. Од првиот регистриран случај, 1991 година, досега инфицирани се 16 лица, а 6 од нив регистрирани се во последните 2 години. Тројца новоинфицирани се откриени годинава и тројца минатата 2016 година. Со предавање во училиштата и делење пропаганден материјал и презервативи денеска Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Прилеп во соработка со Црвен крст го одбележаа Меѓународниот ден за борба против сида.

 „Во Македонија секој оној кој што е инфициран од ХИВ/СИДА има пристап до антивирусната терапија,која ја има во доволен број за сите. Целта на нашите едукации е да се укаже на раното откривање на ХИВ инфекцијата и значењето на тестирањето во таа смисла. Што побрзо се направи тестирањето, во порана фаза на инфекцијата, кога сеуште имунитетот на заразениот е зачуван, тогаш поголем ќе биде ефектот од лекувањето. Затоа инсистираме болеста да се открие во што е можно порана фаза. Токму затоа инсистираме да прават ХИВ тестови“ истакна д-р Татјана Станимировиќ, началник на одделение по епидемиологија при ЦЈЗ.

Д-р Станимировиќ потенцираше дека бесплатни тестови се прават и во Прилеп, а при тестирањето максимално е запазена дискрецијата и анонимноста на лицата.

Во нашата институција со години секојдневно работи советувалиште за сексуално преносливи болести и за сексуално и репродуктивно здравје. Во советувалиштето може да се добијат совети и се врши бесплатно тестирање. Тестовите се со 99% сигурност и многу брзо се соопштува резултатот. Затоа апелираме секој оној што смета дека бил изложен на некој ризик, да дојде и да направи тестирање“, додава Станимировиќ.

Едукатори од Центарот за јавно здравје вчера одржаа трибина со учениците од СОУ „Ѓорче Петров“, а едукативни предавања дополнително ќе се одржат во сите основни и средни училишта од градот.

       Важна Информација:

Доколку некој сака да се обрати до Центарот за јавно здравје – Прилеп,за тестирање,тоа може да го направи на тел. броеви 075-353-801 и 076-475-747. Од Центарот потенцираат дека анонимноста е максимално загарантирана. 

Секои 17 секунди во светот некој може да биде заразен со вирусот ХИВ, а од сида од почетокот на епидемијата досега животот го загубиле 35 милиони луѓе, соопшти денеска агенцијата на ОН за борба со СИДА – УНАИДС, по повод 1 декември, Светски ден на борбата против таа болест.Околу 1,8 милиони луѓе се заразени во 2016 година и таа цифра претставува нови ширење на инфенцијата од која може да се заразат речиси 5.000 луѓе дневно.Според податоците на глобално ниво од ХИВ заразени се 36,7 милиони луѓе. Од таа бројка, 34,5 милиони се возрасни луѓе, а 2,1 милиони лица помлади од 15 години.

Статистиката од минатата година покажува дека зголемен е бројот на заразени женски лица на возраст од 15 до 24 години во однос на мажите на таа возраст. Во однос на 2010 година, кога тој број изнесуваше 300.000, во минатата година е намален бројот на заболени малолетници за 47 отсто, пренесува Анадолија.

Меѓу оние кои ја изгубиле битката за живот се 890.000 возрасни и 120.000 малолетници под 15 години.

.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: