ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Целосно се затвараат кафетериите, рестораните, обложувалниците, барови, клубови и казина

552

Се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. За 48 часа се затвора аеродромот во Охрид. Забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Се затворат сите продавници во трговските центри, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките.

Целосен клуч и за кафетерии, ресторани, обложувалници, барови, клубови и казина. Сите овие фирми ќе можат да вршат онлајн-трговија, телефонски нарачки и достава. Објекти што произведуваат храна може да работат , но без гости само со нарачка.

Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.

„Да ја повторам препораката дека се со седење дома се помага да се зачува јавното здравје“, рече министерот Филипче.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе