ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Цеца на Пивофест во Прилеп ! Градот подготвен за Пиво фест забава

1.208

Најголемиот фестивал на отворено во земјава “Пиво фест” оваа година ќе се одржува од 18 до 21 јули во центарот на градот,под мотото „Наздравје! За добра мисла!“ .

Годинава, фестивалот ,велат организаторите че понуди  поголема понуда на повеќе видови пиво и поглем број пивари, алтернативн програми  и забава од почетокот на денот, до раните утрински часови.

Обезбедена е богата целодневна програма за сите возрасни групи. За најмладите ќе има „Детска зона“, планирани се летни содржини на Аква паркот Салида, кампот на Могилата ќе биде на располагање за авантуристите и здржението Јавен простор ,со дополнителна пргорама …

Втора година по ред за организација на манифестацијата е задолжена aгенција, која ги носи пејачките имиња кои ќе настапат на 4 те фестивалски вечери.

– Првата вечер резервирана е за Прилепски еснаф, дуото Селимова Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, како и популарната српска поп група Галија. Втората вечер 19 јули главна ѕвезда е Светлана Ражњатовиќ – Цеца, а вечерта ја отвара Ален Хасановиќ, популарниот Миле Кузмановски, како и групата Кантурови. Викендот е обезбеден со настапи на групи од земјава и странство како што се прилепчаните The Hounds, Влатко Стефановски – трио, српската женска поп група Фрајле и Тамара Тодевска. Последната вечер програмата на главната сцена ќе започне со настап на Бен Хур, по што ќе следат Кал Бенд, Сања, Маринко и Зец со песни од Нови Фосили и групата Cyrillic, – рече Владимир Мандичевски од агенцијата Баги Комуникации.

Од Општина Прилеп велат дека се прават,  последните подготовки за пречек на бројната публика и гости на Пиво фест 2019.

 

 

– Во повеќе неформални консултации и анализа со граѓаните, институциите, повторно добивме позитивен резултат за одржување на Пиво фестот на старата, постојна локација во центарот на градот, од едноставна причина што никаде не можеме да најдеме подобра инфраструктура од постоечката и подобра безбедност за учесниците на фестивалот, потенцираше Илија Јованоски градоначалник на Прилеп на денешната прес конференција.

 

 

Планирани се богати алтернативни содржини. Новините ќе ја збогатат програмата и се наменети за најмладите и за оние кои сакаат да го запознаат туристичката понуда на Прилеп.

– Ставаме акцент на алтернативните зони и забави, зашто тие ни се можност после 17 години да го издигнеме на малку повисоко ниво овој фестивал. Имаме можност да го развиеме креативниот, алтернативниот туризам и креативните индустрии преку овие работи. Целта е да се привлече публика од различни возрасти, но и да се обезбеди дополнителен пристап до вода во централното подрачје. Ќе биде поставена Пеин бол арена, воведуваме игра „Пивопол“ и за прв пат оваа година правиме активна детска зона. Во овој период се работи на Сервис на посетители, а ќе има простор за „Изгубено – најдено“. Безбедноста ќе биде на повисоко ниво, а ќе се постават поголем број на ВЦ кабини, вклучително и ВЦ кабини за инвалиди овој пат и вели Јана Јанеска Ристески од Центар за современа ликовна уметност Прилеп.

Традиционално, центарот на Прилеп и годинава ќе биде под опсада на љубителите на забавата, скарата и пивото за време на одржувањето на Пивофест. Ќе има детска зона, атрактивни летни содржини и целодневна програма, а средствата планирани за огномет ќе бидат пренаменети за Друштвото на лекувани алкохоличари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: