ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите бараат средба со Заев

677

Претставници од Здружението „Тутунска надеж“ денеска одржаа прес конференција на која искажаа обвинувања, сомнежи за тутунскиот откуп од ланската реколта, но упатија и прашања и барање за средба со премиерот Зоран Заев. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

„Ние тутунопроизводителите, сакаме уште еднаш да биде слушнат нашиот глас. Сакаме да упатиме апел за правилно да се цени нашиот труд и нашата мака! Сакаме уште еднаш да потсетиме дека ваков катастрофален откуп на тутунот не е запаметен никогаш во Македонија.Институциите немаа слух да ни помогнат нас тутунопроизводителите, да ни биде откупен целиот тутун по нормална цена. Како резултат на таква не грижа на крај ќе останат речиси 800 тони неоткупен тутун во амбарите. Кој ли ќе ни ја надомести штетата од една таква не грижа?Цената која што беше ветувана од страна  на Министерството за земјоделство, за жал на крај испадна една голема лага. Речиси 23 милиони килограми тутун беа откупени по просечна цена од 159 денари, а а за време на вонредниот откуп во продолжениот рок оваа цена се спушти на срамни 60 денари. Замислете срамни 60 денари! Вака ли ќе не’ мотивирате во иднина да си ја работиме нашата работа, тутунопроизводството со кое го печалиме чесно лебот и ги раниме нашите фамилии?

Прашање е како досега се откупени 27 милиони кгр тутун, ако се има предвид според склучените договори дека максимумот кој може да се откупи изнесува 23 мил. кгр? Од каде се појави овој вишок од 4 мил. кгр тутун, или во прашање се можеби  некои матни зделки на штета на сите тутунари?

Апелираме под итно да престане реваншизмот од страна на откупните центри кои не сакаат да склучат договори со тутунарите, особено со оние кои по пат на мирен протест го искажаа својот гнев и револт. Вавкиот реваншизам не води кон решавање на проблемите, туку ги продлабочува повеќе. Упатуваме и апел да дојде премиерот Зоран Заев на средба со нас, да му ги кажеме нашите маки и барања, затоа што и ние сме луѓе и заслужуваме човечки однос, преку кој ќе се цени нашата работа, рече Николче Станкоски, член на Здружението „Тутунска надеж“.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: