ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Проданоски: Срамно е по цела една година да пуштате во употреба монтажна болница со 35 кревети!

996

Власта треба да се срами што денес во Прилеп без чувство за одговорност, дојде во македонскиот Бергамо кој изгуби 333 граѓани, меѓу другото рече на прес конференција, Дејан Проданоски, претседател на Ок на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

 Денес во Прилеп без никаков срам, или не дај Боже, чувство за одговорност, Филипче и Заев, горди и полни со себе, дојдоја во македонскиот Бергамо кој изгуби 333 граѓани. Во градот во кој, пред само неколку месеци, при вториот ковид-бран, истиот тој министер, нѐ убедуваше дека сѐ е под контола и не сметаше дека се потребни порестриктивни мерки?!

Ова ли е вашата контрола? Вака ли се грижите за здравјето на граганите кои панично се плашат да дојдат во Болницата? А вие, без срам денеска ја пуштате Модуларната болница?!

Нели е срамно после цела една година да пуштате во употреба монтажна болница со 35 кревети? Доколку сакавте, по примерот на соседните земји, можевте да изградите нови објекти по сите стандарди и услови кои ќе беа функционални и во иднина. Но за жал, по се изгледа на некои побитни им се тендерите и провизиите?!

Дали, вие ќе дојдите да лечите во неа, затоа што нема персонал, а постоечкиот е недоволен и преморен! Прилеп е претворен во касапница! Секојдневно по неколкумина граѓани го губат животот, а вие наместо да се засрамите и да им се извините на прилепчани, повторно ги убедувате во вашите шарени лаги, кои наместо живот во градот носат смрт. Постојано велите дека е се под контрола ама лажете, како што и лажете за бесплатното здравство! Ги терате граѓаните да се лекуваат по приватни болници каде им ја дерат кожата. Граѓаните плаќаат за здравство, а заради вашата негрижа се принудени да собираат доброволни прилози за да се лекуваат, додека вие се шетате со вашите мотори кои чинат цело богатство!

Вие сте најголемото зло што постои! Колку побрзо ќе заминете од власт толку подобро за граѓаните! ВМРО-ДПМНЕ знае и умее да се справува со кризи и тоа ќе го покажеме кога ќе дојдеме на власт!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе