ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите крајно револтирани: исплата на субвенции или протести!!!

1.312

Ветената државна помош за поддршка на тутунопроизводителите како дел од пакетот антиковид мерки сеуште не е исплатена. Земјоделците реагираат дека од ден во ден е се’ потешко да се врзе крај со крај во период на инвестиции на стартот од новата сезона. Трпеливоста има граници велат меѓу другото во реакцијата, во која напоменуваат дека се подготвуваат за протести.

„Субвенциите и 5ти ковид пакет веднаш до крај на неделата. Во спротивно ќе ги повикаме тутунарите и сите земјоделци да излезат на масовни протести.Неможе нашите политичари да си играат држава додека ние трпиме за корка леб. Срамота е ова од сите страни давачки, натрупани сметки, поскапувања секој ден неможеме новата реколта да ја засадиме достоинствено, фразата по земјоделските аптеки ќе ви платиме од субвенции веќе не врви кај сопствениците, не даваат и тие не се сигурни,не доведовте да се срамиме пред нашите фамилии. Нашите апели и укажувајна дека ниската откупна цена во минатата реколта драстично ќе се осети кај тутунарите, а воопшто и во целата економија ги занемаривте. Субвенциите каде секаде во светот се мерка за развојна компонента, кај нас за жал, се чекаат за преживување.На колена го фрливте целото земјоделие, нема гранка која може да се пофали со успех и вистински развој згора на тоа и она што ни е дадено од бога сега му се намерачивте да го раскрчмите.Вас не ве бидува за создавање вие сте мајстори за радпродавање.Ако до петок не ги исплатите субвенциите и 5 ти ковид пакет ќе ги повикаме сите земјоделци здружени заедно на масовен протест да и кажеме стоп на ова недомаќинско и крајно понижувачко однесување на оваа влада кон нас. ДОСТА Е!!!, стои во реакцијата на новоформираните тутунарски здруженија кои произлегоа од Иницијативниот одбор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: