ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Александра Кедиоска е новиот кондиционен тренер во џудо клубот Сеишин (ФОТО)

1.017

Александра Кедиоска, дипломиран професор по физичка култура, спорт и здравје е новиот кондиционен тренер во џудо клубот Сеишин.Таа своето работно искуство како фитнес инструктор околу 13 години со деца и возрасни како и со аматери , рекреативци и профи , спортисти , сега го пренесува на членовите на клубот кои максимално се подготвуваат за следните предизвици како на домашна така и на меѓународна сцена. Кедиоска е задолжена за кондиционата подготовка а техничката ја водат лиценцираните стручни кадри во клубот.

Александра Кедиоска – кондиционен тренер во ЏК Сеишин

Во овој период на пандемија , кондиционите тренинзи Кедиоска ги реализираше на отворено со ростерот на актуелниот шампион , подготвувајќи ги џудистите за најавените натпревари од страна на џудо федерацијата во наредните месеци.

Инаку започнаа новите протоколи за тренинг во спортски сали со пропишани протоколи. Клубот се враќа на редовен тренажен процес во во спортските сали три пати неделно и на отворените терени и игралишта два пати неделно. Исто така за средината на наредниот месец најавен е и почеток на државните првенства по возрасни категории. На овој процес ќе му претходи задолжителното лиценцирање на џудо тренерите и судиите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе