ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарски протести: Бараме писмени гаранции за фер проценка, а не лажни ветувања!

1.092

И на четвртиот ден од редовниот откуп на тутунот продолжија протестите на тутунопроизводителите од Пелагонија. Денеска, блокадата на сообраќајот кај Заполшки мост на излезот од Прилеп кон Градско е во траење од 10 до 16 часот. Револтираните земјоделци ги потврдуваат барањата од кои не отстапуваат – фер проценка на производството, за што велат, потребни се писмени гаранции од отпупувачите.

– Цела недела сме по патишта, денес сме тука на Заполшки мост, се’ со една цел да постигнеме колку е можно што пореална проц енка на тутунот. Сведоци сме дека оние проценки кои што моментално се ај да не речам мизерни, туку под мизерни. Во рацеве држам една пресметка каде што  се гледа дека буквално цела е во четворка. Човекот нема ни за конците што ги потрошил да земе пари, а камо ли за живот. Разговаравме неколку пати и со министерот и со откупувачите. Се договараме на маса дека ќе се олабават линиите, дека ќе тргне на подобро, за другиот ден да стартува уште полошо.  Значи очигледно е дека министерот или не е способен, или не сака да го реши проблемот, или го потпокуваат неговите луѓе. Од друга страна додека ние овде, мрзнеме, на идење на ваму видовме сурија луѓе што носат тутун да предаваат. Значи во некој случај и Сојузот на земјоделски здруженија има своја одговорност во сето ова, во ниското ценење, затоа што можат да ги повлечат поверениците и на тој начин да ги принудиме откупувачите да дадат некој посолидна класа. Меѓутоа, Менде Стомнароски очигледно нема сенс за случувањата, изгледа дека него му е подобро, потопло таму каде што се наоѓа. Оваа прилика јас ќе ја искористам јавно да го повикам: Менде, повлечи ги поверениците, да не страда народот. Ги оставивте луѓето не за чевли, ги оставивте да немаат пари за опинци. Дозволете да можеме да живееме, рече Васко Јосифовски, тутунопроизводител од општина Могила.

Недовербата кон откупувачите е голема, што се покажа и на изминатите средби, кога биле дадени ветувања дека состојбата со линијата на проценка ќе се подобри, но од тоа, според нив, сеуште нема ништо.

– Министерот ќе дојди и ќе имаме средба со откупувачите. Што и да ветат, ќе одиме да биде писмено, не само на збор, вака или така ќе биде, а другиот ден да не биде ништо. Одиме и ќе инсистираме да има  новинарска екипа кои сето тоа, цел разговор ќе го снима и да може тоа или на Јутуб или на некоја национална телевизија, за да види народот што се разговарало. За утре, другиден, ние како Иницијативен одбор, народот да се нафрли на нас. Очекуваме откупувачите да попуштат и нашите очекувања се позитивни, затоа сме тука. Доколку не се случи тоа, ние продолжуваме со протести и ќе ги блокираме откупните фирми, тоа ни останува последно, Тони Ангелески ,тутунар од Прилеп.

За денеска попладне е најавена повторна средба со министерот Арјанит Хоџа и откупувачите во Прилеп, која сеуште не е потврдена. Тутунарите велат зависно од исходот на средбата, дали тие ќе добијат писмени гаранции за реална проценка на вложениот труд, така ќе ги насочат понатамошните активности. Најавуваат масовни протести пред Владата и блокирање на откупните центри.

– Доколку не ги исполнат нашите ветувања за тутун да не го земаат бадијала како што рече пратеникот, жолтото злато како р’ѓа, тоа е вистина, незнам со какво срце таков тутун да земат за 110 – 120 денари. Доколку не попуштаат или не не’разбираат, ние со Иницијативниот одбор ќе бидиме спремни да се договориме и со луѓето ако е потребно ќе одиме пред Владата, и тоа што помасовно. Ќе се организираме и за превоз, ќе даваме од џеб и не ја даваме маката на нашите деца. Тие ја земаат маката  на нашите деца, бидејќи ние од тоа живееме, цела година работиме, и на крај за еден час ќе ти го земат за 110 – 120 денари, а ваму лажат, дека тутунот одел 160 – 150 – лажат! Имаше пресметка 15 картони се’ отишло во четврта класа, како не му е жал! Мислам дека сакаат едноставно да не’ ограбат, ништо друго, Ријад Рамичевиќ од Лажани, долненско, член на ИО на Македонски тутунари.

Неофицијално, средбата се очекува попладнево во Прилеп, кога треба да се направи  пресек на досегашната линија на откуп, постигнатата просечна цена и количините на одбитоци кои се мерат на откупните ваги, за да се преземат наредните чекори за интензивирање на откупната кампања. Паралелно со протестите во тутунските региони, тече и откупот на тутунот, но со минимално темпо.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: