ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарски протести , четврток, 17 ти декември од 10 до 16 часот во пелагониско

1.606

Се продлабочуваат протестите на тутунопроизводителите од Пелагонија. За утре, 17 ти декември, најавен е протест кој што ќе трае 6 часа – од 10 до 16 часот, со блокада на магистралниот пат Прилеп – Градско.

Како што најавија тутунопроизводителите од Пелагонија нема да отстапат од барањата за реална проценка со која се вреднува нивниот труд од целата година.  Затоа, закажан и пријавен во Полицијата е протестот и утре на истото место, како и денешниот – на Заполшки мост,  на излезот од Прилеп кон Градско.

Целта е да се сврти вниманието на јавноста, на откупувачите и на надлежните институции, министерството и Владата за проблемите со кои се соочуваат земјоделците.  Тие бараат укинување на 4 тата класа и линија на проценка од 180 до 200 денари минимална просечна цена на реколтата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: