ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите протестираат – сообраќајот на Плетвар во застој до 16 часот

1.086

Сообраќајот на Превојот Плетвар денеска е во прекин од 10 до 16 часот поради протестот на тутунопроизводителите од Пелагонија. Тутунарите со блокадата, претходно најавена во полицијата во траење од 6 часа, ги изразија барањата за фер и реална проценка на тутунот. Тие и денеска потенцираа дека се потребни писмени гаранции – од страната на отупувачите,  дека ќе бидат исполнети нивните барања за флексибилна линија на проценка, и намалување на одбитоците.  Освен на Плетвар, протести има и во други тутунарски региони во Македонија.

Револтот повторно ќе се изрази, имаме денеска протест во Велес, во Конче, имаме проблеми во Струмица и во Радовиш каде се одбиваат а протестираат, бидејќи бараат поголема организација. Утре ќе присуствуваме во Струмица и во Радовиш да ги охрабриме луѓето, бидејќи се одвраќаат луѓето од кои причини не знаеме, затоа утре ќе појдеме на терен и тоа да го разрешиме. Протест ќе има и утре. Ова нема да престане, ќе оди до крај се’ додека има незадоволство. Ако се постигни договор утре имаме најавена средба со министерот и откупувачите во Општина Прилеп во 3 часот попладне, ако се постигне договор ќе запрат протестите. Ако не се постигне договор со гаранции, писмени гаранции – протестите ќе продолжат. Писмени гаранции за тоа што се договоривме во Скопје, значи 5 проценти одбиток максимално, да се откупи секој килограм тутун во државата и тоа што тие го викаат како вишок, по реална цена, значи според квалитет на тутун, флексибилна линија на откуп како минатата и предминатата година, знаат тие како, ако не знаат ќе му формулираме како треба тоа да се одвива, ако така се одвива откупот ќе достигнеме 190 до 200 денари, Игор Мирчески ИО на група Македонски тутунари.

Состојбата со откупот на тутунот треба да ја слушнат пратениците, во владата и премиерот, велат од Иницијативниот одбор на незаволните тутунари.

– Ние бараме да бидеме во Парламентот, да не’ сослушаат сите пратеници, премиерот, Владата, пред да настане голем хаос да не ’ сослушаат  за макиве наши што поитно да не’ повикаат , да не стане како што беше во Грција со протестите со земјоделците . Вчера немаше никакви измени со откупот. Имавме човек на кој што министерот му рекол да носи тутун, човекот  рече дека уште полошо поминав од кога се јави министерот. Тутунот поминал само 4 класа, а имал и за тројка но, кога се јави министерот поминал само 4 ка, во Тутунски Комбинат, каде се зема по 2 пакети двојка и кец, тие што се, и проесекот да дојде 170 денари. Ама четворките се враќаат и тоа е проблемот, рече Џемал Насифоски, општина Крушево  ИО на група Македонски тутунари.

– Ние ќе бидеме задоволни ако просекот дојде 190 – 200 денари. Ние сме за преговори, за договор меѓусебен , да има компромис меѓу нас. Ние сакаме само нашата мака да се плати, ништо друго. Не сакаме да го земаат тоа што е квалитетно и убаво во четворки и во тројки, а знаеме изминативе години дека беше се прва втора класа. Ние сега не бараме тоа што е втора да оди во прва, ама не даваме нешто што е втора да оди во четврта, Риад Рамичевиќ, тутунар од Лажани, општина Долнени.

Тутунопроизводителите најавуваат дека доколку не се најде решение, протестите ќе продолжат и ќе се интензивираат низ цела Македонија со блокада на магистралните патишта. Очекувањата се насочени за најавената средба со откупувачите и ресорниот министер Арјанит Хоџа, утре во Прилеп која е планирана за во 15 часот. Според министерот утре треба да се направи пресек – анализа на текот на откупната кампања според количеството кое што е предадено, постигнатата просечна цена и одбитоците.

Инаку, до 13 часот денеска биле поднесени 60 тина приговори за спорни кутии, од кои 20 биле прифатени од страна на Второстепената комисија во корист на тутунопроизводителите, во телефонски разговор ни потврди Зоран Шапуриќ, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: