CSS Template

Уште двајца џудисти од клубот Сеишен се стекнаа со Мајсторски појаси

573
Avtokontrol1

Џудо клубот Сеишен продолжува да ја збогатува стручноста на своите членови преку континуиран напредок потребен за работа со помладите генерации и членови. Во Битола, во организација на ДАН Комисијата при Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот Пелистер Битола, денеска се одржа полагање за кафен појас 1 КЈУ и црн појас 1 Дан. На ова полагање Џудо Клубот Сеишин пријави вкупно 5 кандидати. Претходното знаење и желба за работа и напредок беа пресудни за предложените кандидати од прилепскиот џудо клуб Сеишен да се здобијат со следните појаси: 1. МИКИ ЧАДАМОВ црн појас 1 Дан; 2. ХРИСТИЈАН ЃУРАКОВ црн појас 1Дан 3; ЈОВАН НАЈДОСКИ кафеав појас 1 Кју; 4. МАРИО ЦИНЦАРОСКИ кафеав појас 1Кју и 5. ТЕОДОРА ДИМЕСКА кафеав појас 1 Кју.
Со ова клубот Сеишин доби уште 2 стручни кадри кои работат на обука на спортистите кои се стекнаа со Мајсторски појаси, што дополнително ќе придонесе за квалитетот на работа во клубот. Исто така дополнителни 3-натпреварувачи кои се здобија со кафени појаси (кандидати мајсторски) што за нив ќе претставува мотив повеќе во натпреварувачкиот циклус.
Џудо клубот Сеишин во идниот период продолжува со подготвителниот период за идните државни првенства и турнири.

 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni