ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од утре „паѓаат“ маските – Се укинува мерката за носење на маски во затворено

330

Од утре во трговските центри, продавниците и маркетите граѓаните по 2 години конечно ќе можат да влегуваат без маски. Владата на денешната седница ја укина мерката за носење маски во затворени простории, освен во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства, односно автобус, воз, авион, такси, како и во установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.

Исто така, одлучено е учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитни маски, а истовременосе укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта.

Со донесените одлуки се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Одлуката на Владата доаѓа откако Комисијата за заразни болести препорача укинување на мерката за задолжително носење маски во затворено, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе