ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

УТРЕ СЕ ПУШТА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД КОВИД – КАКО ЌЕ СЕ ВРШИ ПРИЈАВУВАЊЕТО?!

942

Утре ќе профункционира Веб стрницата VAKCINACIJA.mk со наслов Апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против вирусот COVID-19 каде ќе започне пријавувањето на граѓаните за вакцината против ковид вирусот.

Ќе може да се пријават сите граѓани, а потоа ќе се утврди приоритетот со помош на системот „Мој тремин“.

Пунктот за вакцинација, неофицијално, дознавме дека ќе биде во Јавната Здравствена Установа “Здравствениот дом“ Прилеп, каде и што се одвиваа и брзите тестирања за ковид 19

Имунизацијата во Македонија ќе започне со кинеските вакцини веднаш што пристигнат, а се очекува и пратката од Фајзер.

Од кинеската Синофарм очекуваме 200.000 вакцини со кои ќе може да се услужат 100.000 граѓани.

Инаку, во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 221-Прилеп 31 -Кавадарци 31 -Охрид 24 -Велес 23 -Куманово 20 -Тетово 12 -Битола 11 -Делчево 9 -Струмица 8 -Кочани 8 -Гевгелија 8 -Неготино 8 -Ресен 8 -Крива Паланка 7 -Гостивар 6 -Кичево 6 -Штип 5-Струга 5 -Пробиштип 5 -Крушево 5 -Радовиш 2 -Берово 2 -Виница 2 -Валандово 2 -Демир Хисар 2 -Кратово 2 -Македонски Брод 1 -Дебар 1 -Дојран 1.

Починати се 9 лица, 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.-пишува на веб страната на Министерството на здравство

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе