ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утре во Прилеп владина делегација предводена од Премиерот – До каде е изградбата на гасоводот?!

700

 Утре, во Прилеп , Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со Вицепремиерот, Кочо Анѓушев и Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе се сретнат со стопанствениците од Пелагонискиот регион, односно со членките од Регионалната стопанска комора – Прилеп и Регионалната стопанска комора – Битола. На средба ќе и претходи куса средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски,а потоа делегацијата ќе се упати на увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола, во месноста Беловодица. 

Магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола,започна со изградба 2017 година. Првичните податоци беа дека тој ќе биде со должина од 92 км., а инвестицијата , вредна 36 милиони евра. Први кои се планираа да бидат приклучени  на гасоводо,т и кои ќе имаат најголеми бенефити и заштеда на средства за енергија, беше предвидено да бидат компаниите.

Минатата година Општина Прилеп во рамките на проектот „Гасификација на Прилеп“, на терен изврши и анкета на стопанските субјекти од градот, со цел правилна и точна проекција на трасата и капацитетот на секундарната гасоводна мрежа, која што треба да се гради на територија на општината. Општината организира и средба со претставници на јавните институции од градот, каде  како беше потенцирана подготвеност на градските институциите да ги заменат своите постојни енергенси со природен гас. А , во септември, минатата година и прилепските советници донесоа одлука за формирање на ново јавно претпријатие за енергетски дејности, чија приоритетна задача е да ги подготви и спроведе сите неопходни активности за претстојната гасификација на градот.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: