ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утре започнува второто полугодие со физичко присуство на учениците и носење на маски

339

Утре во основните и средните училишта започнува второто полугодие од учебната година со физичко присуство на учениците и задолжително носење на маски.

Поради процентот на новозаболени секојдневно Министерството за здравство ќе се спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки. Но, утре на Комисија за заразни болести ќе одлучуваат кој и кога ќе биде тестиран.

Изминатиот перод имаше бројни предлози за второто полугодие – од целосна онлајн настава, до барања децата да бидат без маски и со настава во училница.

Имаше и предлози  ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза)  да ја следат наставата on line, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување, училниците да се проветруваат 5 минути по секој завршен час,  пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите да се вршаи задолжителна дезинфекција на сите простории…,но тоа останаа само како предлози.

И, додека едни бараат онлајн настава, други, децата во училиште да не носат маски, да седат со отворени прозорци на час итн…повторно, овој пат, учебната година доцни и утре со десетдневно задоцнување, учениците се враќаат во училишните клупи.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: