ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утрово, ајде, сите на работа и на училиште со точак!

496

Денеска во светот се одбележува 8 – ми Февруари, интернационалниот Винтер бајк то ворк деј (Winter Bike to Worк Day). Овој ден има цел да повика и мотивира што повеќе луѓе во ист ден да го изберат велосипедот како начин на транспорт до работа или училиште.

Иницијативата треба да важи за поттик што повеќе луѓе да созададат навика да го користат точакот како превозно средство, не само на овој ден, туку секојдневно, до работното место или училиштата.

Иницијативата која се организира секоја година на почетокот на февруари, годинава се случува по седми пат, а Прилеп  како град се придружува на истата.

Иницијатори се дечките кои се борат што повеќе велосипеди низ улиците,а помалку загадуачи,автомобили #ПрилепНаТочак# кои ги повикуваме прилепчани утре наместо со автомобил, до работното место да пристигнат #НаТочак.

Регистрацијата на учесници се одвива преку интернационалниот вебсајт преку кој поддржувачите „ветуваат“ дека навистина ќе возат на овој ден, а на самиот ден на социјалните мрежи постираат фотографии и постови со #winterbiketoworkday #WBTWD.

На следниот линк регистрирајте се, и споделувајте ги вашите слики со следните хаштази
#ПрилепНаТочак
#НаТочакИвоЗима
#НаТочакДоРабота
#WinterBikeToWorkDay
#WinterBike2workDay
#WBTWD

Инаку,на овој ден, многу продавници, локали, институции, ресторани и сл., нудат попусти и поволности за сите кои ќе ги посетат на велосипед, а многу фирми доделуваат подароци за своите вработени кои тој ден пристигнале на работа со точак, во знак на поддршка.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: