ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

В недела ќе навиваме, а како да гласаме за Мила?

2.043

Детската Евровизија ќе се одржи во Гливице, Полска во недела, на 24-ти ноември. Прилепчанката Мила Москов ќе настапи со композицијата ,,Fire” (Оган).

На првата проба таа помина одлично, облечена во дводелен црн комплет со портокалова наметка, а на сцената имаше ефект од пламен кој гори зад неа. Песната е во самиот врв според позитивните коментари и на листите за обложување.

Како да ја поддржиме Мила?
„По пат на онлајн гласање сите заедно одлучуваме кој ќе биде победникот на годинешниот „Јуниорски Евросонг“. Поддржете ја и нашата учесничка Мила Москов со тоа што ќе гласате и за неа. Гласањето започнува во петок на 22. ноември преку сајтот junioreurovision.tv, велат од МТВ од каде што објавија видео за начинот на гласање:

https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/427204844858459/

Извонредните вокални способности на Мила вклопени во музичкиот аранжман на „Оган“ наидоа на позитивни критики на музичкиот канал Јутјуб. ,,Fire” е компонирана од Лазар Цветкоски, додека пак текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.Мила има 14 години, ученичка е во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: