ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

В недела Преимерно-претстава за деца„Дороти се враќа во Оз“

582

Во недела 18.март, во 11.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде прикажана претставата „Дороти се враќа во Оз“ во режија на Кирил Петрески.

-Претставата е продолжување на авантурите на Дороти. Таа се враќа кај своите пријатели од  Оз, кои што на најмладата прилепска публика и се веќе добро познати и заедно со нив се бори против уште еден негативец кој што ја узурпира власта во Оз. Во подготовките внесовме многу труд и љубов. „Дороти се враќа во Оз“е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“.Се надевам дека оваа претстава ќе го има успехот на првиот дел кој што, со мали паузи, се играше десет години на сцената на театарот – вели режисерот Кирил Петрески.

Според него секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца затоа што станува збор за специфична публика ,чија што фантазија, колку да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме и да ја инспирираме.

– Овие претстави се многу важни, затоа што со нив, на некој начин, инвестираме дваесет години во иднината и со тоа ја создаваме нашата идна публика – додава Петрески.

Играат Марија Спиркоска – Илијеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска –Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Сценографијата е на Пеце Ристески, костимите на Александар Џинго, а музиката ја компонираше Томе Темелкоски.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: