ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВЕЧЕРВА, ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 100 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БОРКА ТАЛЕСКИ

737

Во организација на библиотеката „Борка Талески„ вечерва (19 јули) по повод 100 години од раѓањето на народниот херој Борка Талески, се одржа пригодна програма со која присутните се потсетиа на ликот и делото на Борка Талески.

Настанот беше збогатен со присуство на културни работници, советници од Советот на Општина Прилеп, научни работници, библиотекари, граѓани, а на настанот присуствуваше и член на семејството на Борак Талевски, негов прв братучед.

Настанот го поддржа и директорката на ЈЗУ ОБ “Борка Талески“ – Прилеп, како институција, која, исто така, го носи името на херојот, Кети Смилеска, која говореше за значењето на оваа институција во грижата и напорите за зачувување на здравјето на граѓаните.

Свое излагање имаше и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како гостин на вечерта, кој говреше за делото на Борка Талески и неговата улога во создавањето на слободата на македонскиот народ.

За животот на херојот, од историска гледна точка, пред присутните презентираше историчарот, Рубинчо Белчески, нагласувајќи дека многу институции, улици, установи денеска го носат името на херојот.

Збор зеде и организаторот. Директорката на библиотеката „Борка Талески„, Моника Талеска, со голем пиатет говореше за градската библиотека “Борка Талески“-Прилеп, за нејзината улога во креирање, зачувување, презентирање и негување на пишаниот збор, како и за значењето на институцијата во грижата на збогатување на библиотекарскиот фонд во интерес на читателската публика.

По повод чествувањето, 100 години од раѓањето на народниот херој Борка Талески, д-р Наде Караџоска, библиотекар – советник во библиотеката “Борка Талески“, ја презентираше поставката на 10 раритени книги, кои ги има библиотеката, како непроценливо пишано благо, вклучуајќи ја тука првата Фамилијрна Библија на англиски јазик, која како редок примерок денес е гордост на библиотеката, печатена речиси пред 150 години, во 1879 година.

Настанот беше збогатен со музичките ноти на Андријана Дуковска на виолончело и Љупчо Трајаноски на виола, а стихови од Блаже Конески, посветени на Борка Талески, рецитираше актерот, Игор Трпчески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе