ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вечерва концерт на Танец и изложба на Темков во Прилеп

681

На 17 јуни 2021/ четврток/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“   Ансамблот Танец ќе одржи Вокално инструментален концерт. Концертот ќе се реализира според сите протоколи за заштита од корона вирусот и со ограничен број на публика.

Заради протоколите ќе се поделат бесплатни влезници, кои заинтересираните ќе можат да ги подигаат од билетарницата на Центарот. Настапуваат: Оркестарот, хорот и солистите на ансамблот „Танец“.Раководител на оркестарот: Дарко Илиевски. Раководител на хорот: Гоце Цоневски

„Танец“ е македонскиот бит, но и македонската должност кон него. „Танец“ се сите генерации врвни ороводци и солисти, играорци, песнопојци, инструменталисти и раководители. Сите тие, веќе 72 години посветено се грижат за народните игри и песни, обичаи  и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточуваат македонскиот бит пред светот. „Танец“ е нашиот бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи, ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската убавина на нашето наследство.
За квалитетот и уметничката вредност на „Танец“ говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, меѓу кои и престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”. Оттука, претставува престиж „Танец“ да се има во својата концертна програма на домашните сцени, но и насекаде низ светот.

Во 12.00 ч. ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков. Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: