ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вечно замина човекот кој живееше за блузот

2.099

Замина човекот со усната хармоника, кој го обожаваше блузот, Александар Дворчанец-Сале (вокал и усна хармоника), познат кај Прилепчани, како Сале „Блузмен„. Неговиот бенд, Crossroad Blues Bend го изгуби денеска фронтменот, кој ја правеше оваа група целовита и исполнета. По неколку неделно боледување, тој го напушти овој свет, но остави трага во музичкиот свет  која ќе ја паметат вљубениците на блузот, не само во Македонија, туку и на Балканот, заради неговата оригиналност, посветеност и вљубеност во она што го работи . За Сале блузот беше начин на размислување, стил на  живење , а  македонската реплика на блуз музиката, можност за музчичко изразување. Уживателите на добрата блуз музика и на свирките во живо, сигурно вечно ќе го памета како човек кој со неговиот бенд Crossroad Blues Band, имале можност да присуствуваат и да уживаат на одлични журки и одлична хармонија што овој блуз вокалист, ја имаше со публиката. Дваесетгодишната блуз идеологија , Александар Дворачанец-  Сале ја преточи во три студиски албуми: Tutun Blues,Still living the blues, Градско дете,чии заеднички иментил им е македонскиот јазик или блузот на македонски јазик. Неодмна „Кросроуд Блуз Бенд“ и Сале го отвора Blues & Soul Festival 2018, во Скопје, а патуваа низ ците држави на Балканот и Европа пренесувајќи го ритамот на македонски блуз.

Александар Дворчанец – Сале, почивај во мир!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: