ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вештачко езеро празно поради поставување сигурносни вентили на испустот

846

Низа реакции предизвикаа фотографиите за испразнетото Вештачко езеро, што пак отвори повеќе прашања поврзани со раководењето на оваа најголема прилепска вештачка акумулација, системот за наводнување, штетата во земјоделството, еколошките последици. Одговорите денеска ги даде најповиканиот, директорот на Водостопанство „Прилепско поле“ Ѕвонко Талески. Состојбата е под контрола, земјоделците беа запознати дека сезоната за наводнување ќе заврши порано на 6 ти септември, поради реконструктивните зафати на системот за испуст, вели тој.

– Ова се прави поради завршување на втората фаза која што беше прекината од проектот за промена на темелен испуст на браната. Имено, градежните активности беа стопирани зимоска во јануари, поради временските неприлики и неможност екипите да ја довршат започнатата работа. Тогаш беше одлучено да се собира секоја капка вода во акумулацијата за да имаме успешна сезона за наводнување. Со надчовечки напори од вработените, оваа година успеавме да ја доведеме до крај сезоната за наводнување. АД Водостопанство подружница „Прилепско поле“ оваа година склучи околу 1 700 договори со водокорисниците.
Во текот на оваа недела изведувачот на градежните работи продолжува со работа, а од наредната недела доаѓа екипата која треба да ја поставува хидромеханичката опрема. Се променува главниот вентил, кој досега беше еден и ќе се постават два вентили – еден сигурносен, односно конусен и еден „лептирест”. Проектот чини 9 милиона денари. До крајот на овој месец конечно ќе биде решен еден горлив проблем, со тоа што од октомври ќе ја собираме секоја капка вода, рече Талески на средбата со новинарите кај Вештачкото езеро, кој додаде дека водокорисниците биле информирани дека водата во акумулацијата не е доволна за целата сезона за наводнување. Прилепското водостопанство тврди Телески обезбеди 4 турнуси за наводнување.

Браната на прилепското вештачко езеро е изградена 1967 година, редовно се сервисира и се прават контроли за сигурноста и безбедноста на браната за која стручњаците тврдат дека е една од најдобрите на просторите на поранешна Југославија. Она што е интересно, е што за прв пат по 1988 година, прилепската најголема хидроакумулација целосно да се испразни, и тоа е како што велат надлежните, поради неопходните техничко – градежни зафати.
Што се однесува до рибниот фонд директорот Талески појасни дека Водостопанство нема ингеренции, а концесионерот бил известен за состојбите и ги презел потребните чекори.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: