ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО – ГАЛЕРИЈА) Пуштена во употреба Пречистителната станица на отпадни води во Прилеп

1.044

Најголема и најмодерна пречистителна станица за третман на отпадни води во Македонија од денеска е ставена во функција во Прилеп. Со тоа, ќе се обезбеди сигурен еко третман на отпадните води од канализациониот систем во Прилеп кој што претходно во две фази беше саниран и прилагоден на новиот инфраструктурен објект. Вкупната вредност на проектот Пречистителна станица изнесува 23 милиони евра, од кои 17 милиони се обезбедени од ИПА програмата на Европската Унија, а останатиот дел од буџетот на Република Македонија. Општинската пречистителна станица ќе опслужува население од 95 илјади жители.
– Општина Прилеп со реализација на оваа инвестиција со средства од ИПА и со дополнителни буџетски средства добива значаен инфраструктурен проект Пречистителна станица една од најголемите од овој тип која ќе ги третира и прочистува отпадните води и со тоа ќе придонесува за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето . Со оваа станица пречистената вода ќе се враќа во Градската река со можност да се произведува биогас од отпадните и канализационите води. Граѓаните се свесни за важноста на животната средина и со право очекуваат од локалната и централната власт да им овозможи чиста и здрава животна средина, истакна премиерот Зоран Заев при пуштањето во употреба на новата Пречистителна станица во Прилеп.
Овој проект е четврт по ред финансиран и потпомогнат од средствата на Европската Унија, досега се пуштени во употреба во Радовиш, Струмица, Кичево, а ќе следува изградбата и во Битола и во Тетово, повторно во соработка со Европската Унија. Само изградените 4 станици се во вредност од повеќе од 50 милиони евра.
– Ваквите проекти се суштината на поддршката на Европската Унија, тие се видливи, носат дирекна корист за граѓаните и тие ве носат поблиску до европска иднина. Денешниот настан ме прави посреќен затоа што пред една и пол година кога го посетив Прилеп беше изградена само една четвртина од оваа Пречистителна станица. Благодарение на огромните напори од сите засегнати страни денеска можам со гордост да говорам за уште еден успешен проект од Европската Унија. Досега ова е најголемата и најубавата Пречистителна станица во земјата кофинансирана од ЕУ, истакна евроамбасадорот Семјуел Жбогар.
Овој грандиозен инфраструктурен проект ќе има значително влијание и врз економскиот развој на регионот, пред се заради елиминацијата на загадувањето на животната средина и производство на конкурентни еколошки чисти земјоделски производи кои ќе се наводнуваат од Градската река.
– Ваквите проекти даваат значаен економски раст и зголемување на бруто домашниот производ, на локалниот економски развој, потенцираше министерот за финансии Драган Тевдовски.
На новата пречистителната станица најголемите ефекти ќе ги почувствуваат граѓаните. Во рамките на овој инфраструктурен зафат претходеше промена и санација на 70 километри канализациона мрежа, а воедно беше променета и водоводната мрежа. Проектот за изградба на Пречистителната станица започна во јули 2014 та година, а двете фази за санација на канализациониот систем се одвиваа од 2013 до 2016 и од 2015 до 2017 та година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе