ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО- ГАЛЕРИЈА) ИКТ Центарот во Прилеп – основа за идниот Шенгенски информациски систем

772

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за финансии Драган Тевдоски и за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, како и евроамбасадорот Семјуел Жбогар денеска напаравија увид во градежните работи на почетокот на изградбата на ИКТ центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата.

Овој ИКТ Центар за опоравување од катастрофи е прв не само во Македонија туку и во регионот.
Проектот кој започна на 15 ти март годинава опфаќа изградба на нова зграда за Информатичкиот центар за опоравување од кастрофи и обезбедување контиунитет во работата со внатрешни и надворешни електрични инсталации, внатрешни термо – технички инсталации, водоснабдителна мрежа, одведување нба атмосферски води и канализација, противпожарни и безбедносни системи, изградба на простории за контрола, ископување на заштитен шанец, изградба на пристапен пат од главниот пат со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и изградба на заштитна ограда.
– Зачувувањето на податоците и нивното складирање на безбедно место е важно за секој од нас . И тоа важи како за личните така и за службените податоци, а особено за податоците кои се од витален и национален интерес. ИКТ центарот ќе биде резервна база за клучните – резервните информациски системи во земјава, односно ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини биде загрозена работата на примарниот информациски државен систем. На граѓаните мора да им ја гарантираме безбедноста на нивните податоци , потенцираше меѓу другото премиерот Зоран Заев при денешното обраќање.
Центарот за опоравување од кастастрофи ќе ги чува податоците и ќе ги обезбедува и од природни и од катастрофи предизвикани од човечки фактор и е од исклучителна важност за државата.
– Во рамките на ИПА програмата за 2014 година во Министерството за внатрешни работи предвидено е да се спроведат уште два проекти како дел од фазата 2, при што првиот дел од нив е набавка на опрема за потребата на ИКТ центарот за опоравување од катастрофи – проект кој има за цел да ги воспостави процедурите за функционирање на Центарот и секако да обезбеди обука за вработените. Посебно сум горд што овој Центар се гради овде во Прилеп со што сакаме да покажеме колку е важноста Прилеп за Република Македонија и за нас како Министерство за внатрешни работи, рече Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи на РМ.

Најголем дел од средствата 3, 2 милиони евра ги обезбедува Европската унија преку ИПА компонентата како помош на ЕУ за 2013 година. Со 150 илјади евра во изведбата на проектот има и Министерството за внатрешни работи, што ќе биде и краен корисник на Центарот, но ќе служи и за другите државни институции.
– Дејностите генерираат многу податоци, податоците можат да се изгубат, да бидат компромитирани или украдени поради дефект во хардверот, човечка грешка, хакирање или злонамерен вирус, што може да резултира со прекин во работата. Токму затоа ЕУ одлучи да му помогне на Министерстовот за внатрешни работи да ги заштити своите податоци со изградба на овој Информатички центар. Ова е само прв фаза од овој значаен проект, рече евроамбасадорот Семјуел Жбогар.
Договорот за изградба на објектот беше потпишан во декември минатата година, а денес веќе градежните работи се во поодмината фаза. МВР ќе биде со реализација на проектот главниот одговорен орган за воспоставување Шенгенски информациски систем, а овој систем ќе се изгради врз податоците што ќе се чуваат во Информатичкиот центар на МВР. Центарот се наоѓа на патот кон Вештачкото езеро, над касарната Мирче Ацев.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: