СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

(Видео и фото) Кога пензионерите спортуваат, Крушево им ги нуди своите терени

450

Кој вели дека пензинерите не спортуваат?! Кој вели дека во нив не постои спортски дух?! Дури имаат и дисциплина „скок во далчина“. Значи умеат да скокаат , да играат фудбал, кошарка… Оваа приказна од Крушево  за “пензионерите спортуваат“ ни ја пренесува со слика и видео нашиот млaд соработник, Сотир Маркоски, ученик од СОУ „Наум Наумоски Борче“.

 

Денеска Крушево на пензионерите од Македонија им ги понуди своите терени, убава природа и чист воздух . Невно беше само да се дужат и натпреваруваат. Во Крушево денеска се одржаа  рекеративните Спортските Регионалните пензионерски игри чии  домаќин беше Здружението на пензионери  од Крушево, поддржано од локалната самоуправа, градоначалникот на Крушево и крушевските хотелијери.

Крушево, несебично на пензионерите од повеќе здруженија од Македонија, им го понуди рекреативниот терен, кај Крушевското езеро, кај  „Гумење“ , кој беше погоден простор за одржање натпреварувари во:  стрелаштво, влечење јаже, скокови во далечина, фрлање џуле,  трчање,  играње шах (натпреварување во шах се одржат во хотел), фудал, кошарка, тенис …

Кој беше победник , во овие игри и не е важно!Важна беше дружбата на овие луѓе, кои ја живеат третат доба од животот и нивниот ентузијазам и спортски дух кои ги потврдува дека и староста е убаво,ако се дружиш,спортуваш и стекнуваш пријателства. Велат “И,староста е славна, но треба да се доживее !„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе