ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Невремето за час ја уништи маката на тутунарите во Пелагонија

2.805

Невремето, проследено со грмотевици, поројни дождови и силен ветар кој се движеше со брзина од 150 км/час,  што попладнево беше  регистрирано во Пелагонија,  ја уништи или ја „збриши“ за час маката на тутунарите. Објавите на фотографии на социјалните мрежи  ја прикажуваат сликата за тутунарската мака по поројниот дожд и силниот ветар.

Штетите предизвикани врз тутунските насади не се само во прилепскиот,  туку и во долненскиот, кривогаштанскиот и крушевскиот регионот.

Ова видео е од с.Беровци (прилепско):„Еве моментално што не’ снајде во с.Беровци“ – така ја започнува својата тутунска тажна приказна земјоделец од прилепско

 

 

Колкава е матерјалната штета врз земјоделските посеви од денешното невреме допрва ќе се проценува. А, тутунарите стравуваат и за утре, бидејќи метеролозите најавија исто време како и денешното.

Тутунарите ќе бараат комисијата за утврдување и проценување на штети од елементарни непогоди да излезе на терен и да направи проценка на штетата што ги направи невремето кое го зафати денеска пелагонискиот регион.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: