ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Видео за да научиме да ги почитувамe различностите. Секој ден е малтретиран на училиште заради нискиот раст

647

 ФЕВРУАРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ!

Мајка од Австралија објави видео од својот син  9-годишник,  кој плаче и сака да се самоубие, затоа што секој ден во училиштето е малтретиран  заради нискиот раст.

Во видеото, деветгодишниот Кваден Бејлс  кажува дека сака да умре затоа што постојано е малтретиран поради неговата медицинска состојба – “џуџест раст“. Срцепарателното видео на момче од Австралија, стана вирално, откако неговата мајка го објави на социјалните мрежи. Кваден плаче во видеото додека зборува за тоа дека го задеваат заради неговата попреченост, јавуваат светските медиуми.

 

https://www.facebook.com/newsnercom/videos/646993969458711/?v=646993969458711

 

Мајката побара совет за тоа како да се справи со малтретирањето што синот го доживува на училиште секој ден, кој секојдневно е очаен и има самоубиствени мисли : “Сега ќе умрам … дај ми нож, ќе се убијам. Дај ми нож за да го прободам во срцето. Само погледни ме”, вели тој во видеото направено од автомобилот, кога  неговата мајка го зема од училиште. Подоцна додава: „Сакам некој да ме убие… Сакам да умрам“.

Мајката на момчето, Јарака, вели: „Еве што доведува задевањето“, објаснувајќи дека таа мора постојано „да внимава на него поради обидот на  момчето  да се самоубие“. А, има само 9 години.Видеото е направено како опомен ,што се човек преживува кога го понижуваати навредуваат поради својата различност. Кваден е роден со генетска состојба која влијае на растот. Неговата мајка вели дека сака со ова видео да влијае врз родителите ,да ги едуцираат своите деца за последиците од задевањето и исмеувањето , за да ја подигнат свеста за лицата со физички хендикеп.

Видеото е направено кога мајка отишла  да го земе својот син пред училиштето и кога видела како некој ученик го тупка по главата и го исмева за неговата висина, таа вели  „Тој се стрча кон автомобилот во хистерија, бидејќи не сакаше да направам сцена на училиште“.„ Го опоменував во училиштето ,неколку пати. Но, секој пат има ново дете, кое не е запознато со состојбата на Кваден“.

Видеото е прегледано повеќе од седум милиони пати од нејзиното објавување во средата, а досега е споделено стотици илјади пати и привлече внимание низ целиот свет.

Меѓу, многуте пораки за поддршка на момчето и неговото семејство е и онаа испратена од Хју екмен. И, австралискиот абориџински рагби тим имаше порака и за Кваден.Тој беше поканети  да ги одведе на теренот пред саботниот натпревар.

https://www.facebook.com/Thelockerroomnetwork/videos/905329169922082/

 

„Знаеме дека минувате низ тешки времиња, но момците се тука. Ние го ти го чуваме грбот“.

Мајката им се заблагодари на сите кои испратија пораки за поддршка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: