ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Викендов, борење во чест на Црвенкоски

467

ИЗВЕСТУВА: Никола Димески

По трет пат, Прилеп Ќе биде домаќин на меморијалниот турнир во борење слободен стил во машка и женска конкуренција Љупчо Црвенкоски Црвенио.Технички организатор е боречкиот клуб „Седми мај“.Организаторот очекува настапи на борачи од осум земји кои ќе се борат во различни тежински категории. Ова е трет меморијален во чест на Црвенкоски кој долги години беше дел од активностите на прилепскиот клуб. Борбите ќе се одвиваат во салата од средното училиште „Ристе Ристески Ричко“.Најавено е учество на борачи од повеќе клубови од Македонија , Србија , Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска , Албанија и Унгарија.
Боите на „Седми Мај Прилеп“ на турнирот кој е поделен во 4 возрасни категории ќе ги бранат 15 натпреварувачи.Според организаторот за пласман меѓу најдобрите во своите категории од прилепскиот клуб се најавуваат Стефан Стојаноски во машка конкуренција, а во женска Барбара Стојкоска , Христина Велеска , Викторија Стојаноска и Ива Нацеска.
Борбите стартуваат утре во претпладневните часови , а битката за медали ќе биде попладнето кога ќе се знааат и носителите на медали на овој силен мегународен турнир во борење слободен стил.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: