ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Викендов „Полумаратон“ низ улиците на Прилеп

714

Во организација на Атлетскиот рекреативен клуб Лотус, а со поддршка на Општина Прилеп, во недела 25 ноември, ќе се одржи прилепскиот „Полумаратон“. Настанот ќе содржи две трки, а ова е прва година како се организира од страна АРТ Лотус.
– Во моментов имаме повеќе од 220 учествувачи, со што трката доби на квалитет. Уште од стартот имавме информации дека трката ќе има и меѓународен карактер, зашто имаме гости од речиси сите екс – југословенски републики. Со оглед на самата тежина на „Полумаратонот“ во должина од 21 километар, се очекува да дојдат и доста подготвени натпреварувачи, како на пример гостите од Црна Гора кои се доста подготвени, а очекуваме да освојат и некој пласман.Тука се македонските одлични натпреварувачи, а тука е и промотерот Александар Кираџиев, кој е актуелен шампион во маратон на Македонија. Бидејќи е прва година не успеавме да обезбедиме сертифакат за точно измерена патека. Тоа ќе биде мотив за наредните години, за трката да добие уште поголем межународен карактер, вели Божидар Џушески, претседател на АРТ Лотус.
Во рамките на рекреативната трка планирано е да има натпревар на тимови – тим билдинг, а организаторот обезбедува и пригодни награди за најдобрите на овој „Полумаратон“. Трката ќе се реализира во централното градско подрачје на Прилеп, опфаќа 3 круга по 7 км, додека за трката по 5 км предвиден е 1 круг низ улиците на Прилеп. Се трча по асфалтирана рамна патека, а конфигурацијата на теренот ги дозволува сите услови за поставување на личен рекорд на некои од познатите имиња учесници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: