ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мел фест – најава за талент шоу низ Македонија

732

Ново издание на Фестивалот „Мел фест“ ( Мелодија фестивал) вечерва во Прилеп. Овој фестивал своевремено беше единственото музичко талент-шоу во Македонија, на кој тогаш настапуваа голем број – денес познати и популарни пејачиод Македонија, но и од целиот регион и Балканот. Манифестацијата е препознатлива по тоа што се изведуваат познати песни, хитови и евергрини, а своевремено легендарниот Тоше Проески го имаше својот прв настап на отворена сцена.
На гала-вечерта во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 20.30 часот ќе настапат Елена Петреска, Андријана Јаневска, Симона Попоска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојаноски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска , а гостинка на вечерта ќе биде и популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ. Водителка на гала-вечерта ќе биде популарната Лила Стојановска.

„Настапуваат дел од пејачите кои својата кариера ја започнале на овој фестивал, но и колеги кои за првпат ќе настапат на „Мел-фест“, на овој начин давајќи поддршка за враќањето на целиот овој проект, кој зад себе има 20 години успех“, вели пејачката Елена Петреска, уметничка директорка на фестивалот, а пред многу години токму на него ја започна својата кариера.

Воедно, на Мел фест ќе учествува и талентираната Јована Здравевска, која има само 13 години и учи во ОУ “Даме Груев”-Битола, веќе подолго време со својот златен глас ги освојува срцата на македонската јавност. Нејзина прва љубов е виолината, но како инструмент со кој често ги изведува своите песни, маестрално свири и на пијано. Јована , поради учеството на Мелфест, својот раскошен талент ќе го покаже и во рамките на емисијата „Музички филиграни“ на Радио Пела на 6 ти декември.
Интересно е што вечерашната гала вечер е само најава за „Мел-фест – талент-шоу“, кое ќе започне пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.Како ретроспектива на манифестацијата ќе биде отворена и изложба од фотографии.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: