ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Викторија прогласи „состојба на катастрофа“, Мелбурн под карантин

544

Покрај ноќниот полициски час од 20 до 5 часот наутро, вториот по големина австралиски град Мелбурн, најави нови ограничувања за индустријата, вклучително и трговијата и градежништвото, со цел да го спречи ширењето на вирусот, кој се врати, откако првично беше ставен под контрола. Градот е под степен 4 рестрикции,што не важи и за остатокот од Викторија која што е под 3 степен на ограничувања на движењето, објави премиерот Ендрус.
„Онаму каде што сте спиеле синоќа е местото каде што ќе треба да останете во наредните шест недели“, рече Даниел Ендрус, објавувајќи го полицискиот час кој што започна од неделата.
На жителите на градот од пет милиони луѓе ќе им биде дозволено да излегуваат само на работа и потребните работи како набавка на храна и обезбедување грижа за болни и немоќни во радиус од 5 км од местото на живеење.Во контролата на движењето на граѓаните ќе бидат вклучени полицијата и војската.
Повеќето продавници, некои производствени и административни услуги ќе се затворат во Мелбурн, како дел од шестнеделното затворање што се очекува да зафати 250.000 работни места.
Производството на месо ќе се намали за една третина и работниците ќе носат заштитна облека, а дел од градежните работи ќе бидат забранети.
Супермаркетите ќе останат отворени, а можноста за земање храна од ресторани и доставување оброци ќе остане, но многу други продавници и услуги ќе бидат затворени.
Државата ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата за сите работници кои немаат боледување, но мора да бидат во карантин поради новиот коронавирус, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.
Компензацијата за двонеделно отсуство од работа поради неопходната самоизолација ќе изнесува 1.500 австралиски долари.Новата мерка е најавена во време кога Австралија се соочува со вториот бран на Ковид-19, а во државата Викторија воведени се ригорозни мерки за да се запре ширењето на заразата. Седум нови смртни случаи беа објавени во саботата, со што вкупната бројка во државата достигна 123, а има и потврдено инфекции од 11.557 лица.
Во Австралија вкупно се регистрирани 18.318 луѓе инфицирани со новиот коронавируис, од кои починале 221, а оздравеле 10.622 лица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: