ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Високо загадување на воздухот во Прилеп

757

Воздухот во Прилеп загаден синоќа над нормалата. Во 20 .оо ч.  мерната станица во центарот на градот, според апликацијата „Мој воздух“  покажа  високи 180 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, а во 23 часот, 104 ПМ 10, и го стави Прилеп во црвената зона на загаденост.

Денеска мерната станица во централното градско подрачје во 11оо ч покажа  140 микрограми на метар кубен ПМ10, што повторно  го постави Прилеп на мапата на загадени градови во Македонија .

ПМ 10 честичките повеќе од јасно е дека можат сериозно да го нарушат здравјето. Тие имаат 10 пати помала големина од пречникот на влакно од коса, кое илустративно, е широко околу 100 микрометри. Крупните честички се таложат во носниците. Може да се заштитиме со маски, но од ПМ10 е речи  невозможно велат екологистите. Кога честичките ги има од 0 до 20 микрограми во метар кубен, тогаш квалитетот на воздухот е одличен. До 40 микрограми на метар кубен е добар, до 50 е прифатлив, а над 50 микрограми е загаден.

Инаку, штетните ПМ отровни честички  се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.

Лекарите препроачува во вакви случаеви да се избегнат подолги периоди на отворена површина , а на малите деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

Борбата за чист воздух минатата година ја стави темата  аерозагадување на првото место на листата настани што ја одбележаа годината во Македонија. Загадување, постојаните протести и реакции на граѓаните не ги поттикнаа ниту пратениците , (вчера, на собраниска комисија расправа за мерките за загдување),  да отворат сериозна расправа за овој огромен проблем со кој секојдневно се соочуваат жителите во градови низ државава.  „Салата во Собранието беше скоро празна, а на расправата по информацијата за загадувањето што го поднесоа пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа ниту еден од министерството за екологија или од другите надлежни институции“. – пишуваа Тв 21

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: