ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Незадоволството од проценката, тутунарите да го пријавуваат кај поверениците и инспекторатот

792

Тутунската откупна кампања влегува во својата завршница. И покрај тоа што остануваат уште месец и половина за преземање на ланската реколта, само 20 отсто од предвидените количества тутун останува за прибирање. Најголем дел од неоткупеното производство е во долненско каде неофицијално има уште 4 милиони кгр тутун. Вчера во министерството се одржала средба меѓу откупувачите и претставници на тутунарите. Било договорено, откупната кампања да продолжи со динамиката како што и започна. Во очекување откупот да се интензивира по празниците, Сојузот на земјоделски здруженија, кој што ги обезбедува поверениците, апелира тутунарите доколку имаат забелешки на проценката на вагите да реагираат со пријавување до Државниот земјоделски инспекторат.

– Нема да дозволиме проценката да се врши на штета на земјоделците. Да не се враќа тутунот дома, туку да се стопира откупот на самата вага, тутунарите ќе не повикаат нас, ќе го повикаме инспекторатот. Сите забелешки, незадоволство од проценката на вагите, тутунарите да го пријавуваат кај поверениците и во Државиот инспекторат за земјоделство, кој што е овластен да реагира според закон. Откупувачите се должни да го преземат договорениот тутун, и 10 отсто повеќе од договореното, рече на денешната прес конференција Менде Стомнароски, претседател на Сојузот.

Досега се откупени над 20,4 милиони килограми ориентален тутун по просечна откупна цена од 222, 4 денари за килограм. Откупот на тутунот според законските измени и правилникот завршува на 28 ми февруари, а во игра се 9 фирми.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: