CSS Template

Вистината е во тревата

Стадион “Гоце Делчев“ Прилеп по 4 години од реконструкцијата

238

Стадионот „Гоце Делчев“ повтoрно тема за дилема.

По посетата на преставници од ФФМ на стадиот Гоце Делчев во Прилеп со цел да извршат примопредавање на теренот во надлежност на општината  со образложение дека тука обврските на ФФМ завршуваат, општината истиот ден реагираше со допис:  „Откако ФФМ, ќе ги отстрани увидените недостатоци и ќе изврши комплетно завршување на планираните инфраструктурни зафати, Општина Прилеп ќе го потпише Договорот за примопредавање на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и ќе ги преземе сите преостанати градежни и други активности за негово ставање во функција.“

Забелешките на општината беа дека на  теренот зад головите и пред резервните играчи нема трева,  дека рефлекторите не се центрирани, дека системот за наводнување кој е поставен нема гаранција и често се расипува.

(Извор – Facebook група: Прилеп денес)

Се ежам!!!Има надеж да се слушни ехо низ целиот град.НИКОЈ КАКО ПОБЕДА ПРИЛЕП!!!

Posted by Прилеп денес on Вторник, 11 август 2020

ФФМ , пак, со вчерашната (вторник) реакцијата на нивната веб страна ги демантираше наводите на општината,  објавувајќи го притоа и договорот склучен помеѓу двете страни

„Во однос на точките кои општина Прилеп ги сподели како нереализирани од страна на ФФМ, потенцираме, а тоа е јасно наведено во договорот, дека ФФМ нема обврска за поставување на тревник зад двата гола, но изразуваме подготвеност да го реализираме и тој дел, односно ФФМ да постави тревна површина зад двата гола, во услови кога временските прилики ќе дозволат да се направи тоа.
Во однос на рефлекторското осветлување потенцираме дека по извршените тестови, извештајот од надзорот за осветлувањето потврди дека истото функционира според сите домашни и меѓународни стандарди. Една од важните забелешки е дека општина Прилеп треба да изгради трафостаница за снабдување со електрична енергија, а потоа да се изврши фокусирање на светлото за рефлекторите.
Сметаме дека е беспредметно да навлегуваме во расправа или убедување во однос на забелешката за „нивелирање на прскалка“ за тревната површина во услови кога сите присутни и од страна на инвеститорот и страна на надзорот констатираа дека се испочитувани сите стандарди со поставувањето на новата тревна подлога (тревни бусени), модерен дренажен систем и нов автоматски систем за иригација – полевање, нова песочна подлога и тревен бусен од природна трева.
Во продолжение може да го преземете договорот со потпишаните обврски за реконструкција на стадионот меѓу Фудбалска федерација на Македонија и општина Прилеп“.- пишува на веб овјавата на ФФМ
ФФМ договор Општина Прилеп.pdf  

 

Миле Спиркоски, овластениот претставник  на ФК  Победа, кој присуствуваше на средбата  за примопредавање на стадионот во надлежност на општина Прилеп, при  гостувањето во програмата на  Радио Пела и на контактно – информативната забавна емисија на фејсбук  #UbavDenSoRadioPela (12.06 2020 г) истакна:

„Стадионот е при крај, но тие т.н „финеси“ треба да се завршат. Јасно им беше кажано на посредниците од ФФМ, бидејќи финансирањето или инвеститорот во  реконструкцијата на градскиот стадион во Прилеп не е ФФМ, туку УЕФА, дека треба да се дополни полето позади головите. Во договорот не пишува само теренот со тревникот каде што се игра. Нашиот терен беше 10 илјади м2. Недостасуваат уште 1.800 м2 тревната површина, зад головите и покрај, кај, резервниот состав. Рефлекторите, тие велат дека ќе ги центрирале откако ќе се наместел трансформаторот. Што ако ние напојувањето на рефлекторите го вршиме преку агрегат?! Така што, нивната задача е да го центрираат  осветлувањето за да биде функционално. Што се однесува до системот за наводнување , месец дена е во функција, а три пати е во дефект. Општината беше коректна. Треба да има прием на нешто што е готово и треба да има гаранција дека е тоа функционално. “-  истакна Спиркоски во програмата на Радио Пела за моменталната состојба на градскиот стадион „Гоце Делчев“– Прилеп

Спиркоски се надева дека на стадионот ќе се игра фудбал кон крајот на септември, кога тревникот ќе биде функционален за игра. А, дотогаш ФК Победа своите натпревари ќе ги игра на стадионот на Могилата, каде и ќе го започне превенството на 22 август.

Фото : off.net.mk

Радио Пела: архива

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm