ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВМРО ДПМНЕ со д-р Борче Јовчески како кандидат за градоначалник ќе ги „трча“ локалните избори во Прилеп

1.391

Еминентниот прилепски ортопед, д-р Борче Јовчески, е предлог – кандидадот за градоначалник на Прилеп од опозиционата ВМРО ДПМНЕ на престојните локални избори, кои треба да се одржат кон средината на октомври. Ова беше соопштено на престојната трибина на ОК на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа на Могилта, пред присуство на Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, пратеници, симпатизери и граѓани.

Прилепскиот пратеник ,Петар Ристески во оваа прилика на својот ФБ Профил напиша: „Др.Борче Јовчески кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, професионалец, чесен, скромен, домаќин, човек од народот и за народот!„

А, пратеникот Антонио Милошоски, кој присустуваше на трибината на својот ФБ профил објави: “Д-р Борче Јовчески за Прилеп, многу добро расположение и спремност за работа за доброто на општината и сите прилепчани”

По објавата на веста во медиумите, на социјалните мрежи, голем број на позитивни коментари пристигнаа како поддршка за Јовчески кои важи за почитуван грѓанин на Прилеп, со својата професионалност и стручност, но и оние, кои жалат што еден од врвните прилепски лекари се посветува на друга професија:

Инаку, Борче Јовчески, моментно е актуелен совеник во Советот на Оптшина Прилеп од редовите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партенри. Редакцијата на Радио Пела денеска попладне се обиде да стапи во контакт со д-р Борче Јовчески, но не успеа да го добие преку телефон и да го чуе неговото мислење за кандидатурата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе