ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп кога се дарува тоа е од 💝

1.100

Периодот кога се одбројуваат последните денови од старата година е време на дарување, радост и насмевки, а предновогодишното расположение и радост најмногу се гледа и чувствува кај децата, кај најмладите. Токму затоа општествено одговорните компании и институции со скромни, но за децата големи подароци, умеат да ги направат деновите за нив уште повесели и посреќни.

Прилепските детски градинки „Наша иднина“ деновиве предновогодишно добија донации од повеќе фирми чија што основна порака е – даруваме од срце! Витаминка во соработка со Општина Прилеп донираше 1 200 пакeтчиња, Алкалоид, за превенција од настинки во овие зимски денови, испрати 900 сирупи Б комплекс, транспортната фирма „Цајо“ обезбеди клима инвертер, а компанијата Дрекслер Мајер донираше еден камион  играчки за децата од сите воспитни групи.

„Децата се заблагодарија со голема радост, а своите емоции најдобро ги пренесуваат во цртежи“, вели  директорот Орце Тодоровски.

Само може да се каже дека: кога една ваква општествена установа каде се згрижуваат најмладите и најмилите се менаџира со посветеност и љубов, тоа се враќа со искреност и доверба од заедницата. Пред само неколку месеци успешно беше реализирана уште една од најголемите донации со која што се подобрија условите за работа и престој во прилепските детски градинки. Компанијата Гентерм донираше  над 31 илјади евра во  6 индустриски машини за перење и сушење во градинките Гоце Делчев, Мирче Ацев и Тризла, како и  750 м2 ламинат, во вредност од 6 илјади евра.

ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ згрижува  околу 900 деца во 55 воспитни групи во Прилеп и во населените места во општинава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе