ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Комбинатот одбележан 4 ти април – Денот на тутунските работници

686

Традицијата за одбележување на Денот на тутунските работници – 4 април во Прилеп се почитува и достојно се одбележува. Како што е ред, овој ден се честувува во институциите поврзани со тутунската индустрија, но и во семејствата кои произведуваат тутун. И годинава 4 ти април со скромна свеченост се одбележа меѓу вработените во Тутунски Комбинат АД Прилеп. Долготрајната традиција се негува со скромна свеченост и подароци за работниците кои означуваат јубилеј во работниот век и лојалноста кон компанијата од 20 или пак 30 години работа во Комбинатот. И признанието е во духот на обичајот.
Златници за вредните раце и долгогодишната работа денеска добија тројца работници Боро Шокоски, Тони Димоски, познати поранешни ракометари во спортскиот гигант Тутунски Комбинат и Жарко Колески, сите за 20 годишна лојалност на Комбинатот.
Инаку, во Македонија во примарното производство на тутун, се вклучени 30 илјади семејства, а додека во тутунското стопанство работат 3.000 лица и околу 2.000 сезонски работници. Тутунскиот сектор директно влијае врз економијата во државава, зашто 30 отсто од буџетот се полни од работењето на тутунските компании по основ на даноци и други давачки.
Додека пак, во најтутунарскиот крај во државава од производство на ориентален тутун егзистираат повеќе од 10 илјади семејства кои се дирекно вклучени во продукцијата.
Причината зошто Денот на тутунските работници се одбележува на 4 април е што во далечната 1938 година тутунските работници на чело со Борка Левата организирале штрајк во монополот борејќи се за своите синдикални права. Од тогаш традиционално овој ден е се чествува како своевиден празник на тутунските работници и секоја година традиционално се слави во Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: