ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Пелагонија пристигна поларната зима, – 22 во прилепско !

684

Пелагонија, утринава се разбуди со температури длабоко под нулата. Студеното време најизразено беше во периодот од 7 до 8 часот утрово, кога во поедини населени места во прилепско, се движеше од – 19,5 Мало и Големо Коњари, а Славеј и Врбјани во Општина Кривогаштани, живата на термометарот се спушти до – 22 степени, измерена во автомобилите во движење. Во Кривогаштани температу

рата изнесуваше – 21 степен.
Според официјалните податоци на УХМР минус 21 степен се измерени утринава во

Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, минус 17 во Струмица, а минус 16 во Прилеп.
Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најави студено време со многу ниски температури во утринските часови, поради што Министерството за здравство излезе со препораки до граѓанитеза заштита од студеното време. Меѓу другото се препорачува граѓаните да не излегуваат надвор без неопходна потреба, да конзумираат топли напитоци и храна што ја одржува температурата на телото, да избегнуваат алкохол и соодветно да се облекуваат.
Од вечерва започнува промена со врнежи од снег кои од утре, среда ќе се интензивираат.
Рано навечер интензитетот на врнежи ќе се намали, но оваа состојба нема да трае особено долго. Рано наутро в четврток ќе има уште една серија на врнежи, со умерен до јак интензитет, а ќе ја зафати целава земја. Најголем интензитет овие врнежи ќе имаат во југозападниот регион.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: