ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп одбележан Денот на крводарителството, доделени плакети и благодарници

569

Црвениот крст на Република Македонија одбележува 74 години од своето постоење и 24 години од приемот, како полноправен член, во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. По тој повод денеска во големата општинска сала во Прилеп беа доделени благодарници на крводарителите со по 25, 50, 75 и 100 дарувања. Настанот беше во организација на Црвен Крст- Прилеп, Службата за трансфузиологија и Општина Прилеп. Во таа прилика се обрати и Градоначалникот Илија Јованоски кој ги поздрави најхуманите меѓу хуманите граѓани-крводарителите.
Мисијата на крводарителите, над се’ е општеството, рече Јованоски бидејќи со нивна помош и поддршка се намалуваат трошоците за лекување на пациентите и истовремено се придонесува за нивно побрзо опоравување.
„Затоа сте вие нашите современи херои. Тивко, нечујно оставате траен печат во животите на луѓето чии животи ги спасувате, придонесувате нашата заедница и натаму да го носи епитетот “хумана заедница“. Затоа, од името на сите нас, на целата заедница, ви благодарам. Да продолжи вашата соработка со службата за трансфузиологија и со прилепската организација на Црвениот крст, кои секој од своја страна даваат огромен придонес во грижата за здравјето и животот на нашите сограѓани“, истакна градоначалникот Јованоски.
Пеце Илиоски досега дарувал крв 104 пати. Вели дека крводарителството е нивна семејна традиција и дека и во иднина и тој, и останатите членови на неговото семејство ќе продолжат со дарување на скапоцената течност.
„Мислам дека крводарителството кај нас е доста развиено, има многу млади кои даруваат крв. Дарувам за да спасам нечиј живот, а освен тоа постои и семејна традиција од моите родители. Мојот татко дарувал крв скоро 70 пати, мајка ми и брат ми преку 20 пати. Апелирам до младите да бидат хумани и да даваат крв“, изјави Илиоски.
На денешното одбележување на Денот на крводарителството во Македонија, плакети и благодарници добија четириесетина граѓани на општина Прилеп кои крв дале 25, 50, 75 и 100 пати. Покрај тоа, градоначалникот Јованоски најави дека рекордерот според бројот на дарувања, Пеце Илиоски, Општина Прилеп ќе го награди и парично, со доделување вредносен ваучер.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: