12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Победа последна на табелата и со тренер во повлекување

Јане Николоски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Победа. Николоски, своето повлекување го најави по поразот на Победа од Ренова (2-3), а во своето објаснување потенцира дека причините се лошите резултати на екипата во последните 5 кола.
„Поради слабите резултати одговорноста за се ова што се случува во овие 5 кола од почетокот на пролетниот дел на првенството ја превземам јас. Одговорноста е само моја, на секој натпревар ни се повторува исто сценарио само имаме различни актери. На секој натпревар ни се случуваат некои индивидуални грешки по кои што примаме голови кои се кобни за нас и по кои грешки тешко се враќаме во игра.
Мислам дека е време јас да се повлечам. Се надевам дека управата и спонзорите ќе изнајдат некое поадекватно решение кое што ќе донесе некои подобри резултати на ФК Победа. Се надевам дека бев коректен, искрен и чесен кон сите со кои соработував и можам само да и посакам на Победа се најубаво“, изјави Николоски по мечот со Ренова.
Победа е на последното место на табелата по 23 тото коло. За Николоски пресудни беа последните 7 кола од како дојде на чело на екипата, при што во последните две кола од есенската полусезона, стартуваше со два порази од Вардар и Македонија ЃП, а во пролетниот дел има само едно реми со Беласица (1-1) и уште 4 порази.

Би можело да ве интересира

ДВА ГОЛА, ЧЕТИРИ СТАТИВИ И ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП-ПРЕД 2000 ГЛЕДАЧИ, БИТКА КАКО ЗА ПЕХАР

Елизабета Филипоска

(фото)Од меѓународниот турнир во Грција клубот „Пролетер“ со многу медали

Елизабета Филипоска

Два медали за прилепските боксери од БК АС од интернационалниот турнир “Арена куп ” Скопје 2023 (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе