ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во с.Алданци кривична против производител на канабис кои засадил тројно повеќе стебла

863

Од ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава, поради постоење на основи на сомневање дека лицето К.Б.(36) од Скопје, управител на правниот субјект за вршење на дејност производство на маслени екстракти од канабис за медицински цели – подружница во с.Алданци, крушевско, по чл.95-в ст.2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, како и против правното лице, по чл 95-в ст.1 од истиот закон.

Имено, врз основа на претходно добиени сознанија дека во правниот субјект се врши дејност одгледување на растенија канабис, спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, на 20.12.2020 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција бил извршен вонреден инспекциски надзор и увид во правниот субјект, при што било констатирано дека во правниот субјект биле засадени растенија канабис во различна вегетативна фаза за кои не е затекната документација за евиденција.

На 12.01.2021, со цел обезбедување на докази дека постојат основи на сомнение дека во правниот субјект се постапува спротивно на законските одредби по дадени насоки од Комисијата, сите простории на правниот субјект се пломбирани и изречена е забрана за вршење какви било активности во однос на одгледување на канабис за медицински цели.

При претресот, од правниот субјект се одземени 18.301 растенија канабис кои биле спакувани во 247 вреќи, компјутерска опрема и документација поврзана со работењето на правниот субјект.

Ден претходно врз основа на наредба од Судија на претходна постапка издадена од Основен кривичен суд Скопје 1 извршен е претрес и во седиштето на правниот субјект во Скопје, при што е одземена документација и компјутерска опрема, поврзана со работењето на правниот субјект.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: