ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во тек подготвителната фаза за гасификација на Прилеп

798

Општина Прилеп е подготвена за реализација на првата фаза на гасификацијата, при што има обезбедено 6 милиони денари за проектната документација. Според најавите, основниот проект треба да биде готов до крајот на оваа година. Потребно е во првата фаза да се вклучат околу 300 деловни субјекти.
Во оваа подготвителна фаза според градоначалникот Јованоски, секој стопански субјект треба да пополни т.н. енергетска картичка, за висината и количеството на гас, што треба да им се обезбеди. Со анкетата што ќе биде спроведена ќе бидат опфатени и јавниот сектор и домаќинствата. Проектот има вкупно 4 фази, а во 2020 година треба да почне изградбата на секундарната мрежа, со приклучување на посточкиот гасовод „Гама“.
– Бенефитите ќе ги имаат сите подеднакво и фирмите и јавниот сектор и домаќинствата. Од компаниите очекуваме да нè известат за нивните реални потреби во моментот и планираните капацитети во иднина, со цел да ги проектираме точно првите 20 км гасоводна мрежа во градот, акцентираше градоначалникот Јованоски на презентацијата на проектот „Гасификација на Прилеп“ на седницата од Економскиот совет, пред претставниците на прилепските поголеми компании, заедно со тимот што работи на реализација на проектот.
Според надворешниот советник за проектот „Гасификација на Прилеп“; Кире Настески, процесот е дел од Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија. А, кога ќе почне овој проект во Прилеп, во најголема мера зависи од интересот на фирмите и домаќинствата.
„Колку побргу заврши анкетата, се дефинираат реалните потреби на стопанството, нестопанството и домаќинството, толку порано ќе имаме реална проекција на потребите. Овие податоци се база за изработка на основниот проект. Прилеп е приклучен на Делница 2, на јазолот Кавадарци- Битола, а снабдувањето со гас ќе се врши преку гасоводот „Гама“. Предвидено е за Прилеп да бидат на располагање 24.000 м3 гас на час. Во моментов во подготовка се идејниот и основниот проект за гасификација. Околу 300 поголеми и помали фирми треба да се приклучат на мрежата. Реализацијата на проектот и одржувањето на мрежата може да се спроведе на два начина, со јавно –приватно партнерство или пак Општина Прилеп да основа ново јавно претпријатие за таа намена. Вредноста на главниот цевковод на градот што ќе биде во должина од 20 км, ќе изнесува 4 милиони евра“, истакна Настески.
Најголеми корисници на гасоводот ќе бидат домаќинствата, но во првата фаза сепак ќе се вклучат компаниите и јавниот сектор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: